Патриотска е „сигурицата“ да денот, ќе има голеада на дербито во Франција

9094 Македонија – Чешка (Финале бараж квалификации за СП, 19:00 часот)

Победа и пласман на Светското првенство во ракомет на македонската ракометна репрезентација. Се надеваме дека вакви ќе бидат вестите по 21 часот, кога избраниците на Кире Лазаров ќе се соочат во реваншот против Чешка.

По првата средба која што на нивен терен заврши 24:24, нашите момци треба да одиграат на победа, и да го заверат пласманот на СП.

Противникот е добро познат, но и не е наивен, ама кога ќе грмнат над 6000 навивачи во арената „Борис Трајковски“, тогаш, секој противник е лесно совладлив.

Предлог тип: 1 (1.40)

1710 ПСЖ – Олимпик Марсеј (Лига 1 Франција, 20:45 часот)

Двете најдобри екипи и најголеми ривали од Франција ќе ги одмерат силите во новото дерби, кое вечерва ќе се одигра на „Паркот на Принцовите“. Меси, Нејмар и Мбапе против квалитетниот Олимпик кој што остана единствената екипа сезонава од Франција во европските натпреварувања.

Јасно е дека ПСЖ е на чекор од титулата, но и покрај тоа ќе сакаат со убедлива победа да ги израдуваат своите фанови, кои што во последно време се гневни по неуспесите на тимот на меѓународната сцена.

Предлог тип: 4+ (2.07)

1006 Вест Хем – Барнли (Премиер лига Англија, 15:15 часот)

Двата тима во потполно различно расположение го дочекуваат овој меч. Вест Хем се бори за излез во Лигата на шампионите, а воедно се пласираше во полуфиналето од Лигата на Европа.

Додека, пак, Барнли веќе со „едната нога“ е испаднат, а по 10 години го отпушти тренерот Шон Дајч. „Чеканите“ планираат три бода со кои што ќе останат во трката со Манчестер јунајтед, Арсенал и Тотенхем.

Предлог тип: 1 (1.75)

1101 Челзи – Кристал Палас (Полуфинале, ФА куп Англија, 17:30 часот)

Денеска ќе биде познат противникот на Ливерпул во финалето на најстарото фудбалско натпреварување. Челзи одигра навистина добар меч против Реал Мадрид, по кој на крајот по продолженијата го завршија својот настап.

Со оглед на целата ситуација која што е во синиот дел од Лондон и санкциите од британската влада кон Роман Абрамович, тимот предводен од Томас Тухел одлично се држи.

Кристал Палас иако е „пеницилин“ за големите екипи сезонава, тешко дека ќе има сили да направи изненадување на „Вембли“ и да го елиминира Челзи.

Предлог тип: 1&T12+ (1.99)

1809 Баер Леверкузен – РБ Лајпциг (Бундеслига Германија, 19:30 часот)

Последниот меч од ова коло во Бундеслигата го носи епитетот дерби. Баер Леверкузен на последниот свој меч по 11 месеци за прв пат одигра без да прими или да даде гол.

Додека, Лајпциг предводен од неверојатниот Кристофер Нкуку кој има 30 голови сезонава, како и Вест Хем, ќе игра во полуфиналето од Лигата на Европа.

На последните пет средби кога Баер бил домаќин редовно сме гледале најмалку ГГ, а во три наврати паѓале и најмалку четири погодоци, па не гледаме причина зошто и денеска не би било тоа така.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.86)

- Оглас -

Најнови вести