Последното коло ќе решава за патниците во првата лига на Македонија. Вторите лиги нудат многу неизвесност, а кулминацијата ќе биде следниот викенд.
Во западната лига, сигурен шампион е Силекс, кој денеска го претрпе првиот пораз сезонава, и тоа од Вардар во Скопје. Во последното коло, Силекс ја пречекува Беса и ако кративци победат, а победи и Вардар на гостувањето кај Кораби, тогаш најтрофејниот македонски клуб ќе игра бараж за влез во елитното друштво. Во секоја друга комбинација, Вардар останува второлигаш и следната сезона.
На Истокот, прилепска Победа во последното коло влегува со три бода предност пред второпласираната Беласица од која има и подобар скор во меѓусебните дуели. Струмичани со денешниот триумф, речиси ја отпишаа Слога Виница од трка за пласман во првата лига, но се покажа дека секакви чуда се можни, па ништо не е сигурно ниту таму.