24.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Победа на младите Англичани над Португалија носи пласман во полуфиналето на ЕП

2606 Дјургарден – Варбергс (17.30 часот)

Дјургарден се наоѓа во серија од пет меча без пораз во шведскиот шампионат, но на последните два дуели одигра нерешено. Варбергс пак, е последен на табелата со само пет освоени бодови во 12 меча и е единствен тим кој нема победа. Варбергс загуби на пет од последните шест меча. Се освен убедлива победа на Дјургарден ќе претставува изненадување.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.94)

 

4208 Колон – Расинг Клуб (22.00 часот)

Колон е специјалист за нерешени резултати во аргентинскиот шампинат сезонава, од 21 меч кој ги одигра досега, дури 12 завршија без победник. И двата тима не знаат за пораз во последните пет кола, Колон оствари една победа, додека Расинг две. Колон на последните шест меча, само еднаш постигна два гола. Во последните седум меѓусебни натпревари на кои Колон ја имал улогата на домаќин, дури на шест меча немало повеќе од два гола.

Предлог тип: 1Х & 0-2 (2.23)

 

4109 Јокохама – Шонан (12.00 часот)

Ова е натпревар на првиот и последниот тим на табелата во јапонската Џеј лига. Јокохама е апсолутен фаворит на овој меч и се освен убедлива победа, ќе претставува изненадување. Јокохама е најефикасен тим во Џеј лигата со 38 гола, додека Шонан ја има најслабата одбрана со 38 примени голови.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.75)

 

6702 Англија У21 – Португалија У21 (18.00 часот)

Младите англиски фудбалери со трите победи од по 2:0 во групната фаза над Чешка, Израел и сè уште актуелниот шампион Германија, потврди дека е фаворит за титулата. Португалија со пораз од Грузија (0:2) го започна настапот на ЕП до 21 година, потоа одигра 1:1 против Холандија, а со победата од 2:1 над Белгија, си обезбеди пласман во четвртфиналето.

Последниот меѓусебен дуел беше одигран на претходното ЕП пред две години и тогаш Португалија славеше, но сега Англичаните предводени од играчи како Харви Елиот од Ливерпул, Мадуеке од Челси, Камерон Арчер од Астон Вила, се фаворити, не само на овој меч, туку и за освојување на титулата.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.70)

 

2502 Лилестром – Тромзо (17.00 часот)

И двата тима играат во добра форма во последниот период. Лилестром на последните три меча има две победи и едно реми, додека Тромзо победи на последните четири меча. Лилестром на домашен терен сезонава досега одигра пет меча и славеше на три, додека Тромзо е одличен на гости со четири триумфи и едно реми. На последните шест меѓусебни натпревари и двата тима постигнувале голови, и за очекување е оваа традиција да продолжи и денеска.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.19)

- Оглас -

Најнови вести