Победа на МЗТ против Приморска вреди коефициент 2,60

МЗТ Скопје Аеродром има негатива од 2:0 во финалната серија против Приморска и не смее да си дозволи нов пораз ако сака да ја продолжи битката во финалето на плејофот во АБА 2 лигата. Македонскиот тим убедливо ги загуби двата меча на гости во Копер, а вечерва игра на свој терен во „Јане Сандански“. Се игра во три добиени, а ако „штрковите“ го добијат денешниот меч, повторно ќе бидaт домаќини на евентуалната четврта средба.

Приморска дефинитивно се покажа како бауч за МЗТ сезонава. Во четири меча има четири победи (три дома и една во Скопје). Петтата меѓусебна пресметка е шанса за тимот на тренерот Ѓорѓи Кочов да потврди дека не е толку послаб противник.

„Екипата на Приморска со игрите во текот на целата сезона, но пред сè со изминативе две финални средби со нас и триумфите над Крка и Олимпија во домашното првенство, покажа дека е зрела за во АБА-лигата. Зад нас се рунди во кои добивме нокаут, но сега се селиме дома, да покажеме дека ова не е реалната слика на нашиот тим. Нема време за некоја посебна подготовка, но ќе направам сè што е во моја моќ  да го кренам тимот, без разлика што речиси и да нема време за нешто посебно со оглед на пеколниот ритам во кој се игра ова финале. Играме пред нашите навивачи и се надевам дека ќе покажеме многу подобра кошарка од таа во Копер“, рече тренерот на МЗТ Скопје, Кочов.

 

 

- Оглас -

Најнови вести