Победа над Рома ќе биде божиќен подарок за навивачите на Јувентус

Јувентус – Рома (20:30 часот)

Ова ќе биде 44-та меѓусебна пресметка, а од претходните 43 меча, статистиката е во корист на Јувентус за повеќе од двојно. „Старата дама“ брои 22 победи, „римската волчицата“ само девет пати се радувала против актуелниот италијански првак, додека 12 средби завршиле без победник. Кога играле овие две екипи една против друга, во просек се постигнувале повеќе од 2,5 гола по натпревар.

Гледајќи го вкупниот збир на меѓусебни средби, Јувентус редовно ја тресе мрежата на Рома барем двапати, но таков учинок нема остварено на последните пет меча, во кои има три триумфи, еден пораз и едно реми против екипата од Рим. Рома загубила со идентичен резултат (1-0) на последните три гостувања во Торино на „Алијанц“ стадионот.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.08)

 

Kaрдиф – Манчестер јунајтед (18:30 часот)

Манчестер јунајтед деновиве добија нов менаџер, Оле Гунар Солскјер се врати на „Олд трафорд“. Жозе Мурињо е минато, па се очекува од Јунајтед да го покаже својот напаѓачки потенцијал, а Кардиф е идеал противник за да ја пронајдат победничката форма. Само два пати Кардиф и Јунајтед играле во рамки од Премиер лигата, победа од 2-0 и реми од 2-2 во корист на „црвените ѓаволи“, па така и денес се очекува да има барем два погодоци на „Кардиф“ стадионот.

Предлог тип: X2 & T22+ (2.18)

 

Атлетико Мардид – Еспањол (16:15 часот)

Атлетико ќе сака да се одмазди на Еспањол за поразот (0-2) на домашен терен од минатата сезона. Позитивен резултат е единствено решение за „јорганџиите“ и од други причини, да се одржи чекорот со Севилја и Барселона за трката на врвот на Ла Лига. Диего Симеоне нема да смета на Диего Коста во нападот, како и на неколку други првотимци, но Атлетико е поефикасен во шпанскиот шампионат кога не игра Бразилецот со шпански пасош.

Предлог тип:  1 & 1+I 1+II (2.38)

 

Монпелје – Лион (21 часот)

Лион последен пат се радуваше против Монпелје пред две сезони во Лига 1. Лани на двапати ремизираа при 1-1 и 0-0, но, според тоа како играат „лавовите“ сезонава, голови вечерва нема да недостасуваат. Фекир и Депај се во одлична форма, редовно го наоѓаат патот до мрежата, па токму од лидерите на Лион се очекува да бидат на ниво на овој меч.

Монпелје е тимот кој пријатно изненадува во француското првенство. По 16 одиграни средби се на четвртото место, со два бода заостаток од нивниот вечерашен гостин, а и на домашен терен ретко губат сезонава.

Предлог тип: GG3+ (2.38)

 

Ајнтрахт Франкфурт – Баерн Минхен (18:30 часот)

Нико Ковач за првпат ќе се врати на „Комербанк арената“ откако застана на кормилото на Баерн Минхен. Хрватскиот стратег со Ајнтрахт до лани редеше успеси, а сега ќе мора да најде начин како да го совлада својот поранешен тим. „Баварците“ повторно се десеткувани, Ковач нема да смета на повредените Робен, Хамес, Гнабри, но добро е што Левандовски е во голгетерска форма и е жеден за голови. Кога Баерн последен пат гостуваше во Франкфурт победи со минимални 1-0, но од нив се очекува денес да бидат поефикасни.

Предлог тип: Т2 1+I & 1+II (1.97)

- Оглас -

Најнови вести