30.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Победа над Швајцарија како награда за борбеноста на македонските кошаркари

Спортманија во Гевгелија

Кошаркарската машка А репрезентација на Македонија, и со драстично подмладен состав ја совлада Швајцарија со 62-56 во првиот од двата пријателски меча.

Селекторот Марјан Илиевски на располагање имаше 17 играчи, претежно млади, без преголемо искуство во А репрезентацијата, но борбени до максимум и желни за докажување. На моменти на паркетот имавме и петорка во која најстариот беше роден 2001 година.

Во почетната петорка беа Магдевски, Митревски, Мекиќ, Андоноски и Какруки. Во првата четвртина македонската селекција се мачеше во нападот, но губеше само со 11-15, што и не делуваше така лошо.

Во вториот квартал Македонија заигра многу поефикасно, Андреј Митревски погоди три тројки, па на пауза заминавме со позитива од 36-30.

Како клучна се покажа третата четвртина во која подмладената селекција на Македонија направи и 20 поени разлика (53-33 во 27-ма минута, на што гостите одговорија со серија од 9-0.

Шутерски расположениот Митревски со 15 поени беше најефикасен во редовите на Македонија, натурализираниот Џејкоб Вајли даде 13, и тие двајца беа единствените со повеќе од 6 поени.

Втората контрола е закажана за утре во истото време од 19 часот, на истото место, во салата „НБ Ноел“ во близината на Гевгелија.

- Оглас -

Најнови вести