На Светското првенство за ракометари до 19 години во Хрватска денес започнува Главната рунда, во која репрезентациите ќе разигруваат за пласман во четвртфиналето. Македонија е во група со Данска и Австрија, а тука е и Норвешка, против која игравме во првиот дел.
Нашите ракометари се прикажаа во одлично светло, убедливо ги совладаа Црна Гора и Грузија, додека од Норвешка загубија загубија минимално со 27-25. Токму поради овој пораз втората фаза ја започнуваат без бодови, а дуелот против Данска може ширум да ни ги отвори портите кон најдобрите осум во светот.
Данска е светска велесила и голем фаворит на денешниов натпревар, а Македонија ќе се обиде да изненади и да докаже дека имаме ракометна иднина. Квотата за победа на Македонија е 7.60.
На Светското првенство во Хрватска денес на програмата се вкупно 16 натпревари, 8 од Главната рунда и 8 од Президент купот, во кој разигруваат репрезентациите кои беа на третото и четвртото место во групите по првиот дел.