Победа за историја: Македонските кадетки славеа со 70 разлика против Ерменија

Женската кадетска репрезентација на Македонија продолжува со одличните настапи и победи на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Тбилиси. По ден предвиден за одмор, нашите млади кошаркарки славеа убедлива победа во средаата против Ерменија со 92:22. Триумфот од 70 поени е рекорден за една наша младинска репрезентација во европските натпреварувања.

На дуелот со нерамноправниот противник, уште во првиот период направивме (17:2), што беше јасен показател за квалитетите на двете селекции. Најубедливи, нашите кадетки беа во третата чевртина која ја реализираа во своја корист со (32:4).

Селекцијата на домаќинот Грузија ќе биде нашиот следeн противник во натпреварот кој е закажан за сабота, од 17. часот.

- Оглас -

Најнови вести