Младата кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години, минимално ја победи Словачка со 65-64 на последниот меч на Европското првенство Б дивизина во Ереван, Ерменија.
За тимот на селекторот Горан Самарџиев тоа беше четврта победа во седум одиграни натпревари, па затоа и конечниот пласман на 17-то место не е задоволителен, па и неправеден.
Марко Луканоски кој сега треба да му се приклучи на А тимот, имаше дабл-дабл ефект од 19 поени и 19 скока, Павел Иванов заврши со 14 поени, 9 скока и три асистенции, а двоцифрен број на поени имаше и Димитар Зетов (11).