Победата е единствена опција за Манчестер јунајтед, во Неапол треба да се тресат мрежите

6003 Интер – Бенфика (21.00 часот)

Ова е реприза од минатогодишното четвртфинале во Лигата на шампионите, во кое Нераѕурите без подобри (3:3, 2:0) и се пласираа во полуфиналето.
Интер експресно закрепна од поразот од Сасуоло и во саботата ја совлада Салернитана со 4:0 и пред своите гледачи ќе ја има фаворитската улога. И Бенфика во Милано доаѓа по остварена важна победа, во најголемото португалско дерби со 1:0 го совлада Порто. Минатата сезона мечот кој се играше во Милано заврши без победник 3:3.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.04)

 

6005 Ланс – Арсенал (21.00 часот)

Арсенал по пауза од шест години, се врати во Лигата на шампионите и во првото коло го торпедира ПСВ победувајќи го со 4:0. Ланс пак во првото коло одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Севиља. Изминатиот викенд и двата тима славеа на гости, Ланс го победи Стразбур со 1:0, додека Арсенал со 4:0 славеше против Борнмут. Последен пат официјален натпревар играле во 2000 година, кога Арсенал во Франција победи со 2:1.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.60)

 

6007 Наполи – Реал Мадрид (21.00 часот)

Ова е дерби на денот во Лигата на шампионите. Наполи во првото коло ја совлада Брага со 2:1, додека Реал со гол во судиското продолжение го победи Унион Берлин со минимални 1:0. И двата тима играат офанзивен и атрактивен фудбал, што е одлична најава за ефикасен меч, а тоа го потврдуваат и последните нивни две меѓусебни пресметки. Во 2017 година, Наполи и Реал играа во осминафиналето во Лигата на шампионите и Кралевите славеа двапати со по 3:1.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.95)

 

6006 Манчестер ј. – Галатасарај (21.00 часот)

Манчестер јунајтед нема друга опција освен победа против Галарасарај. Црвените ѓаволи го имаат најлошиот старт на сезоната откако сер Алекс Фергусон замина во пензија и победата е императив против турскиот шампион. Во последното коло, Јунајтед ги разочара навивачите губејќи од Кристал палас, додека во првото коло во ЛШ загуби од Баерн со 4:3. Галатасарај пак во првото коло успеа да се спаси од пораз против Копенхаген давајќи два гола во финишот за реми од 2:2.

Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (1.98)

 

6008 ПСВ Ајндховен – Севиља (21.00 часот)

ПСВ Ајндховен во првото коло загуби со 4:0 од Арсенал, но затоа игра одлично во холандскиот шампионат, каде што има максимален учинок, седум победи во седум меча со импресивна гол-разлика 23:2. Севиља лошо ја започна сезоната, но во последно време игра сè подобро иако во последниот меч загуби од Барселона со минимални 1:0. Во претходно коло ѝ даде пет гола на Алмерија. За очекување е и двата тима да одат на победа, што треба да донесе голови.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.06)

- Оглас -

Најнови вести