6737 Сиетл – ПСЖ (21:00)
Освојувачот на Лигата на шампионите, ПСЖ, нема избор освен убедливо да победи против Сиетл на Светското клупско првенство доколку сака да се пласира во осминафиналето. Неочекуваниот пораз од Ботафого им ги искомплицира плановите, па Луис Енрике ќе мора да истрча со најсилниот состав против реално најслабата екипа во оваа група.
Предлог тип: 2-2 & 3+ (2.00)
6738 Атлетико Мадрид – Ботафого (21:00)
Ботафого со бод ќе биде во осминафиналето од клупскиот Мундијал, но на Атлетико Мадрид потребна му е само победа. Тоа е најава за интересен меч со многу голови кои се очекува да ги има и во двете мрежи. На претходниот натпревар, Атлетико Мадрид славеше со 3-1 над Сиетл, што е најава за нов меч на којшто ќе има „гол-гол“.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.30)
6739 Порто – Ал-Ахли (03:00)
Во групата во која се Порто и Ал-Ахли од Каиро сите опции се отворени, но ќе се чека и исходот од мечот помеѓу Интер Мајами и Палмеирас. Португалците се фаворити и сигурно дека нема да се предадат бидејќи сè уште имаат шанси за пласман во осминафиналето, иако таков е случајот и со екипата од Египет. Сепак, Порто е поквалитетна екипа и се очекува тоа да го покаже и на теренот и да победи против Ал-Ахли.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.01)
6741 Интер Мајами – Палмеирас (03:00)
Интер Мајами и Палмеирас се во пол-позиција и со реми и двете екипи ќе бидат во осминафиналето од Светското клупско првенство. Сепак, кога се игра фудбал на врвно ниво, не постојат калкулации, па сигурно дека и едната и другата екипа ќе сакаат да дојдат до првата позиција во групата, а тоа значи дека ќе има голови и во двете мрежи.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (3.00)
6704 Холандија У19 – Романија У19 (20:00)
Селекцијата на Холандија за фудбалери до 19 години на импресивен начин дојде до полуфиналето на Европското првенство. Лалињата со три победи и гол-разлика од девет дадени и само два примени гола завршија убедливо на првото место во групата, а сега во полуфиналето за противник го имаат домаќинот на турнирот, Романија. Очекувањата се дека серијата на Холандија ќе продолжи и против Романците со нова убедлива победа и со голови во двете полувремиња.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.95)