Победата е императив за Еурофарм Пелистер во натпреварот на сезоната

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва (20.45 часот) го играат натпреварот на сезоната во последниот меч од групната фаза во Лигата на Европа, го пречекуваат Мотор Запорожје.

Влогот е пласман во нокаут-фазата, победа или реми го носи Е. Пелистер во нокаут-фазата, а пораз ќе значи крај на европските настапи сезонава.

По девет кола, Е. Пелистер има освоено шест бода, еден повеќе од директниот конкурент, а дополнителен мотив за битолчани ќе претставува податокот дека сè уште немаат триумф пред верните навивачи „Чкембарите“ во салата „Боро Чурлевски“. Е. Пелистер пред своите навивачи загуби од Скандерборг Алборг (27:30) и Фуксе Берлин (34:43), а ремизира против Бидасоа (29:29) и Агуаш Санташ (27:27).

И квотите се на страната на Еурофарм Пелистер, па така коефициентот дека битолчани ќе слават на најважниот натпревар во Sport Life изнесува 1,35.

Тренерот на битолчани, Ларс Валтер, изјави дека на тимот како никогаш досега им е потребна помош од навивачите и со победа да се прослави пласманот во нокаут-фазата.

„Ако имаме поддршка како што нормално добиваме во нашата сала, тоа ќе ни биде од голема помош. Се надевам дека луѓето ќе дојдат во вторник и ќе ни дадат поддршка. По враќањето на некои повредени ракометари, добиваме на стабилност. Имаме многу натпревари во овој период, но мора да размислуваме позитивно. Го вративме ритамот, дури и во поразот во Берлин видов добри работи. Одигравме добро, посебно бевме добри при стрпливоста во нападот. Денес работевме некои детали кои ќе ни послужат за вторник, а и заштедив некои ракометари за дуелот против Мотор. Веќе го подготвуваме дуелот против Украинците, ќе биде тешко и сериозно ќе ги сфатиме. Играа добро во последните натпревари, но имам позитивни вибрации за вторник“, вели Валтер.

- Оглас -

Најнови вести