38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Победата на Челзи му ја донесоа играчи од кои најмалку се очекуваа голови (Видео)

Челзи беше подобар од Тотенхем и славеше со 3-0 во меч од Премиерлигата кој беше решен во првите 12 минути од второто полувреме кога паднаа двата гола.

Најпрвин погоди Тијаго Силва кој со 36 години и 362 дена, стана вториот највозрасен играч во историјата на Челзи зад Дидие Дрогба, кој постигнал гол на премиерлигашки меч.

Канте имаше низа од 49 меча по ред без гол, но денеска погоди и тоа со доза на среќа. Канте немаше гол во Премиерлигата од ноември 2019 наваму, а три од неговите четири последни гола беа со шутеви од надвор од 16-никот. Точка стави Антонио Рудигер во судиското продолжение.

Ова е голот на Канте:

https://twitter.com/i/status/1439632057777414144

- Оглас -

Најнови вести