Победата на Манчестер во Париз е историска

Џабе Пари Сен Жермен е актуелен европски вицепрвак, кога не може да најде лек како да го победи Манчестер јунајтед на Паркот на принцовите. По вторпат за неполни две години, англискиот гигант триумфално си заминува од Париз. Исто како и пред две сезони, така и сега, ПСЖ ја имаше фаворитската улога, но Манчестер покажа квалитет и заслужено се радува на крајот.

Освен освоените три бода, синоќешната победа има посебно значење за англискиот гигант. Манчестер јунајтед за првпат во клупската историја успеа да врзе 10 победи по ред на гостински терен во сите натпреварувања. Оваа низа започна со триумфот над Норвич (2:1) во ФА Ккупот на 27 јуни, а потоа продолжи со победите на терените на Брајтон (3:0), Астон вила (3:0), Кристал палас (2:0), Лестер (2:0), Лутон (3:0), Брајтон (3:2), Брајтон (3:0), Њукасл (4:1) и синоќа против ПСЖ 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести