Реал Мадрид победнички ја започна новата сезона откако со 2:0 славеше на гостувањето кај Атлетик Билбао. Триумфот на Кралскиот клуб падна во сенка на повредата која ја заработи Едер Милитао.
Дефанзивецот на Реал Мадрид се повреди на почетокот на второто полувреме и со болни гестикулации го напушти теренот. Според првичните информации, Милитао има сериозна повреда на коленото.
Претпоставките се дека Бразилецот има иста повреда каква што заработи голманот Тибо Куртоа пред нецели три дена. Куртоа ги скина вкрстените лигаменти на коленото и за него сезоната завршу уште пред да почне. Доколку и Милитао има таква повреда, тоа ќе биде нов тежок удар за Кралскиот клуб.
„Милитао претрпе повреда на коленото. Воопшто не изгледаше добро“, рече тренерот Анчелоти веднаш по мечот.
Carlo Ancelotti: “Militão has suffered a sprained knee. It doesn’t look good” 🚨⚪️ #RealMadrid
“Torn ACL? We can’t rule out anything”, says via @GuillermoRai_ pic.twitter.com/cOPlTqdg8a
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 12, 2023