Единица на Реал Мадрид против Алмерија, најчесто во комбинација со број на голови, беше еден од најиграните натпревари на тикетите уплатени во Sport Life викендов, па погодокот на Даниел Карвахал во 99-тата минута за тешко извојувана победа на фаворитот од 3-2 им донесе добивка на многумина.
На уплатно место на Sport Life во Куманово, играч уплатил 100 денари и има добитен тикет со бруто-добивка од 185.658 денари. За Реал типувал победа и 4+ гола. Критична му била и играта 4+ на средбата Борнмут – Ливерпул, меч кој заврши со победа на гостите од 4-0, со четири гола во второ полувреме, последниот во 93-тата минута.
ФАТЕН БОНУС ЗА ПОГОЛЕМА ДОБИВКА НА ТИКЕТ ВО ГЕВГЕЛИЈА
Во Sport Life во Гевгелија, уплата од 100 денари и погодени 14 пара му донесоа одлична бруто-добивка на обложувач од 146.380 денари, а и бонус од 6.970 денари.
Овој тикет е уплатен во саботата претпладне. Од саботните мечеви, најтешко му излезе двојката на Милан против Удинезе, Росонерите до победа дојдоа со гол во 93-тата минута. Во неделата, меѓу другото, се чекаше и кец на Реал против Алмерија со 2-5 гола, а и тоа излезе со гол во 99-тата минута.