-0.2 C
Skopje
петок, 12 декември 2025

Победата на Шкендија донесе нови бодови и нов напредок на клупската ранг-листа (Фото)

Победата на Шкендија од 2-0 над Слован Братислава донесе и нови два бода на клупското конто на тетовци, но и 0,5 поени за клупскиот рејтинг на Македонија на ранг-листата на УЕФА.

Македонскиот клупски фудбал сега се искачи на 46-тото место, откако ја минавме Северна Ирска, а од почетокот на оваа сезона, Македонија напредуваше пет места.

Шкендија до крајот на лигашкиот дел од Конференциската лига треба да одигра уште еден меч, на гостински терен против АЕК Ларнака, а математиката вели дека Македонија со реми ќе ја скокне Литванија, додека со евентуален триумф ќе ја минеме и Албанија.

На крајот од лигашкиот дел ќе се пресметаат и бодовите за пласман, па Шкендија доколку се најде помеѓу најдобрите 24-те екипи во третото по ранг европско натпреварување, ќе добие нови бодови, кои ќе се додадат и на македонскиот клупски рејтинг.

- Оглас -

Најнови вести