14.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Победата на Шкендија донесе троскок на Македонија на листата, и пак ќе имаме 4 тима во Европа

Сите македонски клубови кои имаат европски амбиции, треба да се радуваат на вечерашната победа на Шкендија против Шелбурн во Конференциската лига.

Оваа победа донесе нови 250 поени за Македонија на рангирањето на УЕФА, и тоа значи напредок за три места и скок од 51-во на 48-мо место, што значи дека во сезоната 2027/2028 повторно ќе имаме четири клубови во еврокуповите, бидејќи 50-тото место е границата дали ќе имате три или четири претставници. Следната сезона Македонија ќе ја претставуваат само три тима, но во летото 2027 се враќаме на четири.

Победата на Шкендија значи дека Македонија ќе избие пред Црна Гора, Луксембург и Белорусија, земји кои немаат екипи во европските купови, па не може да бидат пред нас. Во зависност од резултатите на Шкендија во наредните четири кола, Македонија може да се најде и пред Андора која е 47-ма, но најважното беше дека ќе имаме плус еден тим во однос на наредната сезона.

- Оглас -

Најнови вести