Манчестер сити предводен од клупата од каталонецот Пеп Гвардиола го елиминира Реал Мадрид. Ваквиот развој на настаните донесе воодушевување и во Каталонија, односно во редовите на Барселона.
Во групата на фудбалерите на Барселона постојано се повторувала една фраза – „Колку се добри“, а се однесува на одличната игра на Манчестер сити. Има и коментари од типот, „Вака немоќни не биле од Супер купот“, но и коментари дека Реал е комплетно разбиен на „Етихад“.
Поранешните играчи на Манчестер сити, Ерик Гарсија и Феран Торес, му честитаа на поранешниот клуб за пласманот во финалето, додека на „Камп ноу“ владее задоволство од игрите на Илкај Гундоган бидејќи според информациите, преговорите за неговиот трансфер во Барселона се во напредна фаза.