21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Победата на Сити против Арсенал одреди кој ќе биде првак на крајот од сезоната?

Манчестер сити го победи Арсенал, и тоа сред Лондон со 3:1, по што дојде и до смена на лидерската позиција во Премиер лигата. Со овој триумф, Граѓаните стигнаа до 51 бод, колку што има и Арсенал, но актуелниот првак е лидер иако има и меч повеќе во однос на Топчиите.

За Сити ова беше 11 првенствена победа по ред против Арсенал, што покажува каква доминација има тимот на Пеп Гвардиола.

Низ историјата на Премиер лигата ова беше само трет пат второпласираниот да го победи лидерот во меч од вториот дел од сезоната и со тоа да направи рокада на табелата во првенството. Првиот пат тоа се случи во април 2010 година, кога Челзи славеше над Манчестер јунајтед и лондонскиот тим подоцна стана првак.

Во 2012 година, повторно Манчестер јунајтед беше тимот кој како лидер загуби од тогаш второпласираниот Манчестер сити, а на крајот Граѓаните, во најдраматичната завршница во историјата на англискиот фудбал, стигнаа до трофејот.

Ако се гледа по оваа традиција, Сити е во пол позиција во однос на Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести