Победата над Алжир беше мал блесок, ракометарите денеска надиграни и поразени од Тунис

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Тунис со 28:33 во второто коло од Президент купот што се игра во рамки на Светското првенство.

Со поразот, Македонија ги сведе на теорија шансите да го освои првото место во групата 2 и да игра за 25-то место на Мундијалот. Во последното коло, Македонија ќе игра против Мароко, додека Тунис го чека дуел со најслабата селекција во групата Алжир.

Нашите ракометари лошо го започнаа натпреварот, првиот гол го постигнаа дури во шестата минута преку Гоце Георгиевски, но за тоа време Тунижаните дадоа пет гола.

До крајот на првото полувреме, Црвено-жолтите се обидуваа да фатат резултатски приклучок, но најблиску што беа беше негативата од два кола со која и се замина на одмор (14:16).

Второто полувреме започна со гол на Бен Гали, но потоа следеше серија од 4:0 со која Македонија во 34-та минута за прв пат поведе на натпреварот. Во следните девет минути се играше гол за гол, но потоа Тунис возврати со серија од 0:4 и поведе со 21:24.

Серијата на Тунис ја прекина Ненад Костески во 47-та минута, но грешките во нападот им пресудија на нашите ракометари. Во 48-та минута по голот на Пешевски за 23:25, следеше серија од 0:3 на Тунис со која беа решени дилемите околу победникот.

Најдобри кај Македонија беа Филип Кузмановски даде осум, Манасков седум гола, додека кај Тунис, Мохамед Абдул Дармул даде осум гола.

- Оглас -

Најнови вести