Македонската фудбалска репрезентација со победата од 2-0 над директниот ривал Ерменија сега има 61 отсто шанси за освојување на првото место во својата група од Лига Ц во Лигата на нациите, што е речиси двојно од она што математички беше пресметано по резултатите од првото коло.
Македонија има 61 процент шанси да биде прва, а 26 отсто да биде втора. Првото место ја сели Македонија ранг погоре, во Лига Б, а второто место во групата носи бараж против некој тим од Лига Б што ќе биде третопласиран во својата група.
Октомвриските мечеви на гости со Летонија и Ерменија ќе бидат клучни. Ако избраниците на Благоја Милевски освојат барем четири бода на тие два меча, се чини дека првото место ќе биде за Македонија бидејќи ќе ни останат уште два меча дома со аутсајдерите Фарски Острови и Летонија и реално е да се добијат тие два дуела.