Победата над Турција ќе има двојна вредност за Лазаров и другарите

Машката ракометна сениорска репрезентација на Македонија во Ескишехир на мечот против домашната Турција од 18 часот има големи мотиви да извојува победа. Освен тоа што и теоретски ќе се квалификува за ЕП 2020, тимот на селекторот Данило Брестовац ќе биде на добар пат и да го освои првото место во групата.

Македонија и Исланд имаат по 5 бода, додека Турците се трети со 4. „Црвено-жолтите“ последното коло го играат в недела, на 16 јуни против Грција во Струмица.

На првата средба помеѓу Македонија и Турција играна во Битола во октомври 2018, Македонија славеше со не толку убедливи 31-27 и тоа е предупредување дека не треба да се потцени противникот. Поради повреда нема да настапи Дејан Манасков, но нашиот национален тим важи за фаворит. Победи против Турција и Грција ќе значат попривилегирано место во наредната ждрепката за квалификациите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести