Победи без примен гол за водечкиот квартет во Втората лига

Денешните мечеви од 25-тото коло во Втората македонска фудбалска лига донесоа победи за четирите најдобри тимови, и продолжува трката за првите три позиции (првите два одат директно во прва лига, третиот игра бараж).

Тимот на Македонија Ѓорче Петров со 1-0 беше подобар од Детонит Плачковица, и заедно со Башкими кој со 2-0 триумфираше над Вардарски, се на делба на врвот. Арсими со 1-0 победи против Кожуф и третопласиран е со два бода помалку од водечкиот двоец, додека штипска Брегалница со победата од 1-0 над Борец во Велес, после две кола без победа, се врати на победничкиот пат и четврта е со три бода помалку од третиот Арсими.

- Оглас -

Најнови вести