Победи или порази, не е важно, родителите на браќата Ѓоргиеви секогаш даваат поддршка

Македонската одбојкарска репрезентација нема да го избори посакуваното осминафинале на Европското првенство, но попладнево во финскиот град Тампере, Спартанците кои се навикнати секогаш да одат по потешкиот пат имаат прилика да се израдуваат на првата победа на годинешното ЕП.

Противник е Шпанија, која според квотите на обложувалниците Sport Life, е фаворит на хартија, но и Шпанците во првите три кола освоија само еден сет и не се ривал од кој македонските одбојкари треба да стравуваат.

Неизоставен декор од трибините во салата ќе бидат македонските навивачи, меѓу кои и родителите на браќата Никола и Ѓорѓи Ѓоргиеви. Господинот Ацо и госпоѓата Марија се едни од најверните навивачи на македонската одбојкарска репрезентација и секаде каде што игра нашиот национален тим, и тие се присутни и им даваат поддршка на синовите и нивните соиграчи.

Во далечната Финска, македонската Фаланга е малубројна, но сите со цело срце навиваат за Македонија и заслужуваат одбојкарите да им подарат барем една победа. Попладнево е големата шанса.

- Оглас -

Најнови вести