Македонската Дејвис куп репрезентација поведе со 2-0 во мечот од 4.коло од Третата Европска група од Дејвис купот против Ерменија и со тоа македонските тенисери ја „запишаа“ третата победа. Вториот поен за Македонија во вториот сингл меч го донесе Калин Ивановски откако на убедлив за еден час го совлада Ерменецот Микаел Аветисјан.
Мечот почна со брејк на Аветисјан, но веднаш Калин успеа да го врати брејкот и изедначи на 1:1. Последното изедначување беше 2:2 и до крајот на мечот сите десет гемови му припаднаа на македонскиот тенисер и тоа значеше 6:2 во првиот и 6:0 во вториот сет за конечни 2-0 за Иваносвки и водство на Македонија во 4.коло против Ерменија од 2-0.
Претходно, Мицов по голема борба во меч кој траеше повеќе од три часа го победи Аванесјан со 6:7, 6:3, 6:4.
Во мечот во двојки капитенот на македонскиот тим Горан Шевченко ги одреди Ивановски и Мицов, додека кај Молдавија има промена во двојката и ќе настапат Самвел Агајан и Аветик Газарјан.
ФОТО: Игор Паневски