Победи на Лестер и Сампдорија се најсигурни според играчите на Спортска прогноза

Останува уште помалку од 24 часа до почетокот на првиот натпревар од бесплатната акција на Sport Life, Спортска прогноза. Понудата започнува утре во 13:30 часот со натпреварот Фулам – Лидс, за кој 71.52% од типувачите предвидуваат победа на домашната екипа.

Сепак, ова не е најголемиот процент. Мртва трка водат Сампдорија и Лестер со проценти од 75.81%, односно 75.55%. Според играчите на Спортска прогноза овие натпревари се најсигурни за типување на победа за домашните екипи.

Од гостинските екипи најголеми шанси за победа им се дава на фудбалерите на Астон Вила кои треба да гостуваат кај Брентфорд. Процентот за победа на гостите е 54.08%.

Во игра се и нерешените резултати, а најголем процент да нема победник е за натпреварот Монпеље – Рен, дури 40.67%.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

X Box Series X

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести