Победи на водечката четворка во Втората лига

Македонија Ѓорче Петров ја прекина мини серијата од два порази и на свој терен убедливо со 4:0 славеше над Новаци во меч од 19-тото коло на Втората фудбалска лига. Со оваа победа Македонија ЃП стигна до 44 бодови и останува лидер на табелата.

Победи во ова коло забележаа и останатите конкуренти за влез во Првата лига. Башкими со 2:1 славеше на гости кај Беласица и сега има 42 бода, додека Брегалница во Штип рутински со 2:0 беше подобар од фенерџијата Вардарски.

Минимално со 1:0 победи и Арсеми против Победа и сега има 36 бода задржувајќи го четвртото место на табелата.

Резултати: Беласица – Башкими 1:2, Арсими – Победа 1:0, Борец – Саса 2:1, Детонит Плачковица – Осогово 0:1, Охрид – Вардар Неготино 1:0, Брегалница – Вардарски 2:0, Македонија ЃП – Новаци 4:0.

Табела: Македонија ЃП 44 бодови, Башкими 42, Брегалница 40, Арсими 36, Саса Каменица 31, Охрид 31, Детонит Плачковица 31…

 

- Оглас -

Најнови вести