Победите на домашните екипи во комбинација со голови се добитната комбинација за денес (Фото)

3141 Динамо Загреб – Шибеник (18:00)

Динамо Загреб по несреќната елиминација од Лигата на шампионите, може комплетно да се посвети на домашното првенство и пo поразот од Осијек да се врати на победничките патеки. Шибеник е одлична можност за убедлива победа и според традицијата во меѓусебните дуели. На последните три меча, Динамо ги победуваше двапати со по 4-0 и еднаш со 3-0.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.73)

 

1702 ПСЖ – Монако (21:05)

Луис Енрике вели дека ПСЖ е подобра екипа по заминувањето на Килијан Мбапе, а Светците на табелата се убедливо први со +10 пред Марсеј. Од нив се очекува победа и против Монако, кој е третопласиран со 13 поени помалку, но и ефикасна игра со оглед на тоа дека го имаат убедливо најдобриот напад во лигата со 54 гола на 20 меча. Три од последните четири меѓусебни дуели на ПСЖ и Монако завршија со победа на Светците, а само една средба заврши нерешено.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.75)

 

1801 Баерн Минхен – Вердер Бремен (20:30)

Баерн Минхен на првиот меч против Вердер Бремен оваа сезона победи со убедливи 5-0 на гостински терен, па нема зошто да не биде така и вечерва. Баварците имаат шест бода предност пред актуелниот шампион Баер Леверкузен, но и шест првенствени победи по ред. Вердер Бремен игра променливо сезонава, па на последните пет натпревари во Бундеслигата има само една победа и по два порази и нерешени.

Предлог тип: 1 Двојна&4+ (2.02)

 

1091 Манчестер јунајтед – Лестер (21:00)

Манчестер јунајтед има четири победи по ред против Лестер, па избраниците на Рубен Аморим вечерва имаат шанса да се вратат на победничките патеки по неочекуваниот пораз од Кристал палас на домашен терен. Мечот од ФА купот за Црвените ѓаволи е значаен и поради фактот што тука може да се надеваат на трофеј бидејќи во првенството се далеку од тоа.

Предлог тип: 1 & 0-29min (1.83)

 

1301 Рајо Ваљекано  – Ваљадолид (21:00)

Ваљадолид оваа сезона е убедливо најслабата екипа во шпанската Ла Лига, а Рајо Ваљекано изненадувачки високо котира и дури се вмеша во борбата за излез во Европа. Екипата од предградието на Мадрид врза две првенствени победи, додека на спротивната страна Ваљадолид има три порази во низа.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (1.86)

- Оглас -

Најнови вести