Новиот формат на Лигата на шампионите во фудбал кој се користеше првпат во минатата сезона донесе помалку нерешени резултати од вообичаеното.
Статистиката покажува дека во 2024/2025 само 12,5 проценти од натпреварите во ЛШ завршиле нерешено. Пресликано во бројки, од 144 мечеви, колку што се играа, само 18 завршија без победник. Тоа е историски најмал процент на ремија.
За споредба, во минатата сезона во сите топ 5 лиги во Европа, како и во Лигата на Европа и Конференциската лига, имаше над 20 отсто нерешени.
Малиот број нерешени резултати придонесе во Топ 8 и особено во Топ 24 да биде можно да се влезе само со многу повеќе бодови од планираното и предвидувањата. Дали тоа беше случајност или ќе остане тренд и оваа сезона, останува да се види.