Фудбалерите на Борусија Дортмунд ја забележаа и четвртата победа во серија, која започна во Копенхаген пред десеттина дена во Лигата на шампионите, а продолжи против Келн во Бундеслигата и Ајнтрахт Франкфурт на пенали во Купот на Германија.
„Милионерите“ вечерва славеа со минимални 0-1 на гостувањето кај Аугсбург и се искачија на втората позиција во Бундеслигата, веднаш позади „максималниот“ Баерн Минхен со 20 бода.
Единствениот погодок беше постигнат во 37-мата минута, а стрелец беше Серу Гираси.

