Лос Анџелес лејкерс го претрпе својот прв пораз по серија од девет последователни победи откако на гостувањето кај Детроит пистонс загубија со 113:110.
Лејкерси на овој натпревар беа без повредениот Маркус Смарт, кој е исклучително важен во одбраната на тимот предводен од Џеј Џеј Редик, што Пистонси го искористија и стигнаа до вредна победа.
Детроит до триумфот ги предводеше Џенкинс со 30 поени, осум асистенции и четири скока, додека Џејлен Дјурен додаде 20 поени, 11 скока и три асистенции. Тобијас Харис натпреварот го заврши со 14 поени, седум скока и пет асистенции, а двоцифрен беше и Робинсон со 12 поени и две асистенции.
Кај Езерџиите, најдобар беше Лука Дончиќ со 32 поена, седум скока и шест асистенции, а го следеше Остин Ривс со 24 поени, пет асистенции и два скока. Деандре Ејтон додаде 13 поени и 10 скока, додека Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 12 поени, 10 асистенции и девет скока. Двоцифрен беше и Хејс со 11 поени и три скока.
Резултати:
Детроит – ЛА лејкерс 113-110
Мајами – Сан Антонио 111-136
Орландо – Индијана 126-128
Филаделфија – Оклахома 103-123
Атланта – Мемфис 146-107
Чикаго – Хјустон 132-124
Јута – Торонто 127-143
Далас – Голден стејт 131-137 (126-126)
Портланд – Бруклин 134-99
ЛА клиперс – Милвоки 129-96

