Лионел Меси го постигна 15-от гол во шпанското првенство сезонава, тој е стрелец на речиси една третина од вкупмниот број на голови на Барселона (48), екипа што вечерва ја победи Селта со 2:0 и ја заврши годината како лидер во домашното првенство.
Осман Дембеле со погодок во десеттата минута и донесе предност на Барса, а првиот стрелец во Ла Лига, Меси погоди во 45. минута за конечни 2:0.
Аргентинецот пак има фантастична сезона со 15 голови и 10 асистенции на само 17 натптревари на лидерот Барселона.
Селта очекувано повторно остана без победа на „Камп Ноу“, а постот трае повеќе од 20 години, кога игра со Барселона на гостински терен.