11.8 C
Skopje
вторник, 7 октомври 2025

Победнички лет на Штрковите во првото коло од АБА 2 лигата

МЗТ Скопје Аеродром со победа над српски Вршац од 75-63, ја отвори новата сезона во регионалната АБА 2 лига.

Штрковите кои се шампиони на Македонија, благодарение на добрата одбрана го совладаа Вршац. По првото полувреме гостите водеа со три поени разлика, но во вториот дел МЗТ беше многу подобар, прими само 26 поени и дојде до релативно убедлив триумф.

Во тимот на тренерот Васко Атанасов ги немаше крилните центри Маслинко и Гил, но тука беа Дејвис и Андоноки да го покријат нивното отсуство. Инаки бековите Меккејден со 21 и Смит со 18 поени беа најефикасни кај МЗТ.

- Оглас -

Најнови вести