13.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Победнички старт на Кралевите во Новата година (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа во првиот натпревар во 2024 година кој се играше во рамките на 19-тото коло од Ла Лига. Кралевите во првиот натпревар во 2024 година на „Сантијаго Бернабеу“ со 1:0 ја совладаа Мајорка, и тоа со гол постигнат во финишот.

Човек на одлука беше Антонио Ридигер, кој во 78-мата минута највисоко скокна по корнерот на Лука Модриќ и топката ја смести во мрежата на гостите.

Со оваа победа, Реал Мадрид ѝ избега на три бода на лидерската позиција на табелата на Жирона, која својот меч ќе го игра од 21.30 часот, и тоа против Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести