Адем Мекиќ беше трагичарот во редовите на МЗТ Скопје Аеродром на дуелот со Сутјеска, но само два дена подоцна, репрезентативниот бек е јунак на Штрковите.
Мекиќ вечерва даде кош на 1,5 секунда до крајот за победа на македонскиот тим над Подгорица во АБА 2 лигата и МЗТ остана сам на втората позиција на табелата. Следниот меч е в сабота од 11 часот против Војводина.
Погледнете каква драма се одвиваше во Бања Лука и како Мекиќ ги казни двете утнати слободни фрлања на противничкиот играч Чарапиќ: