Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ со 8 поени, четири асистенции и три скока а 17 минути игра придонесе во победата на Баерн Минхен против Басконија од 96-89 во интересен меч од Евролигата.
Нено беше еден од тројцата најдобри асистенти во редовите на баварскиот тим во кој со ефикасност се истакна Обст со 37 поени.
Басконија имаше позитива од девет поени разлика на крајот на третата четвртина, но Баварците одиграа феноменално во последните десет минути и направија пресврт за втора победа по ред во Евролигата за бегство од дното на табелата.

