Победничко селфи на „децата“ од Аеродром, можно ли е ова да е „шут карта“ за Симиќ од Работнички?

МЗТ Скопје Уни Банка, односно вториот тим на кошаркарскиот првак на Македонија, го направи најголемото изненадување, откако со 89:87 славеше на гости кај Работнички. „Децата“ на МЗТ водеа во поголем дел од мечот, а во моментите кога се решаваше победникот, со серија од 16:4 стигнаа до недостижна предност.

За вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром ова е само втора победа сезонава во 12 кола, а по завршување на дуелот, во соблекувалната беше направено и победнички селфи.

Работнички го претрпе петиот пораз во 12 меча и тимот сега е далеку од врвот каде што е Пелистер без ниту еден пораз. По завршување на мечот, дел од домашните навивачи кои беа на трибините со негодување ги испратија кошаркарите на Работнички, а дел од нив побараа и оставка на тренерот Тони Симиќ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести