Наградниот фонд за претстојното Европско фудбалско првенство во Германија кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули е непроменет во однос на претходниот континентален турнир. Што се однесува до ЕП кое се одржа пред три години, УЕФА распределува вкупно 331 милион евра.
Секоја репрезентација само со пласманот на ЕВРО 2024 ќе заработи по 9,25 милиони евра. За победа во групната фаза на турнирот во Германија се доделуваат дополнителни милион евра, а за реми половина милион евра.
УЕФА го наградува осминафиналето со дополнителни 1,5 милион, четвртфиналето со 2,5, а полуфиналето со четири милиони евра.
Нови пет милиони евра го чекаат поразениот финалист, а осум милиони евра се наменети за конечниот победник.
Максималната сума што може да ја заработи европскиот шампион доколку ги оствари сите три победи во групата е 28,25 милиони евра.
Титулата европски првак ја брани Италија, која е во групата Б со Хрватска, Шпанија и со Албанија.