Победникот на последната етапа во „До 50 шанси за 100.000“, најави атак на џипот

Тодор Ацевски од Скопје, погоди 46 парови од вкупно 50 на тикет, што му беа доволни за да биде победник во последната, четврта етапа и да ја освои главната награда од 100.000 денари во акцијата на Sport Life, „До 50 шанси за 100.000“. Со вкупен коефициент од 31.294.413,25, Тодор во претпоследниот ден од етапата направи голем чекор кон првото место на кое и остана до самиот крај.

Второпласираниот Васил М. исто така погоди 46 натпревари, но поради помала квота за второ место доби ваучер од 25.000 денари кој може да го искористи во Техномаркет или Анхоч, по свој избор. За третопласираниот Ризмани С. следува месечно обложување во Sport Life со ваучери од 200 денари секој ден.

УЧЕСТВУВАШЕ ВО СИТЕ ЕТАПИ, КРАЈОТ МУ ГО УКРАСИ ДЕЛОТО

Тодор често знае да го користи челиот билтен, а тоа значи и мешање спортови за тикетите да бидат што поголеми. Овојпат се одлучил да типува само фудбал, по што се покажа како вистинска одлука. Околу пет до шест дена го чекал последниот натпревар, за што искрено кажа дека не се надевал дека би можел да биде меѓу победниците во интересната акција на Sport Life.

Редовно се обложува во Sport Life и е учесник на сите игри кои ги нуди најдобрата обложувалница во Македонија. Така Тодор си ја проба среќата и во „50 шанси за 100.000“, играше во сите етапи со дури и по 50 тикети на ден, а токму фудбалот го одведе до 100.000 денари, иако само четири меча го оддалечија од максималната добивка од 8,5 милиони денари.

„Тикетот го направив исклучиво со фудбалски натпревари, иако често знам да мешам спортови. Во главно играв конечни типови, но тие што ме паднаа беа типови на голови. Немав многу избор, и така морав да ги додадам, тоа беа натпревари од германските Бундеслига и Цвајта, мислам дека имаше и меч од полската лига. Учестував во играта од самиот почеток, па не очекував дека токму на крајот ќе бидам еден од добитниците на главната награда“, посочи Тодор и додаде: „Играм само во Sport Life и учесник сум на сите игри, меѓу кои и Типстер купот. Како Типстер-играч уплаќам многу тикети, па сакав да се пробам и во оваа акција, и ете, среќата ми се насмевна“.

Тодор речиси никогаш не типувал на своите омилени екипи Арсенал и Барселона, но овојпат направил исклучок. Токму претпоследниот меч на тикетот беше Барселона, која триумфираше со 4-1 против Уеска, за Тодор да погоди „3+“ тип.

ЕДНАШ БЕШЕ БЛИСКУ ДО ЏИПОТ, ВТОРПАТ НЕМА ДА МУ ИЗБЕГА

Sport Life од вчера ја почна новата акција „Двојна шанса за Пежо 3008“, па Тодор најави атак на џипот кој го сонува веќе три години. Пред три години во Типстер-купот бил блиску да се поднови со нов автомобил за кој сонува подолго време, по што Тодор раскажа како еден Азербејџан му му урна сонот.

„Пред три години преку Типстер купот за малку ќе си го остварев сонот. Џипот ми избега за малку. Седум дена по ред уплаќав еден ист тикет, на кој само дуелот меѓу Азербејџан и Северна Ирска ме падна. Ако победеше Азербејџан, ќе бев најмалку втор во финалето во кое се доделуваѓе Пежото 3008, а мислам дека на крајот завршив 63-ти. Иако играм и учествувам во сите игри за забава, а не за добивки, сепак многу сакам да го освојам џипот“, заврши Тодор.

За крај, Тодор порача дека очекува да се слушне со нашата редација и како добитник на главната награда, односно Пежото 3008 во новата игра на Sport Life. Па, Тодор, среќно во „ловот“.

- Оглас -

Најнови вести