Побизарен црвен картон не можеше да има: Се налути бидејќи беше „во средина“ (Видео)

Во фудбалскиот свет многу често се случувале најразлични бизарни работи, но тоа што се случи на еден дуел од седмата лига во Англија е посебна и може да влезе во категоријата за бизарноста на годината во фудбалот.

Играа екипите на Фолкестон и Билерикеј таун, а победија гостите. Покрај трите гола, дуелот го одбележа и играчот на домашната екипа, Том Дери. Во 75 минута Дери доби директен црвен картон и тоа поради еден необичен инцидент.

Мечот беше во прекин, затоа што се укажуваше помош на еден гостински играч. Додека лекарите беа на теренот, гостинскиот голман и еден друг играч започнаа да си ја додаваат топката, додека домашниот фудбалер Дери „беше во средина“. Во еден момент Дери толку многу се налути бидејќи не можеше да ја добие топката, па тргна дури и физички да се пресмета со противничкиот голман.

Судијата веднаш реагираше и му даде црвен картон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести