Фудбалска Франција конечно го дочека првото париско градско дерби во Лига 1, екипите на Пари Сен Жермен и Париз ФК вечерва првпат во историјата ќе одиграат официјален меч една против друга.
Она што го прави посебно ривалството на ПСЖ и ФК Париз е близината на нивните стадиони.
„Паркот на принцовите“ и „Жан-Буен“ ги дели само една улица. Тоа е градското дерби во топ лигите каде што стадионите се најблиску еден до друг. Растојанието меѓу нив е само 22 метри.

Двата клуба имаат и длабока историска врска, порано беа ист клуб. Фудбалскиот клуб Париз е основан во 1969 година со амбиција да создаде вистински „голем клуб на главниот град“. За да го забрзаат проектот, тие се споија со клубот од втората лига Стад Сен Жермен. Така се роди нов клуб – Париз Сен Жермен. Сепак, овој брак беше краткотраен. Во 1972 година, поради несогласувања со градските власти на кои не им се допаѓаше фактот што клубот се наоѓаше во предградие, се случи распад.
Разликата меѓу двата клуба е огромна во моментов. Целта на Париз ФК оваа сезона е опстанок, од друга страна, актуелниот шампион брка нова титула.

