Побогати понуди стигнаа до Левандовски, но тој сакаше само во Барселона

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, посочи дека му е благодарен на Роберт Левандовски што се одлучил за преселба на „Камп ноу“, иако понудите на ПСЖ и Челзи беа значително побогати.

Полјакот уште вчера им се приклучи на Каталонците на подготовките во Мајами по комплетираниот трансфер од 45+5 милиони евра од Баерн Минхен. Потпиша тригодишен договор со опција тој да се продолжи на уште една.

„Мора да бидеме благодарни на Роберт бидејќи, пред сé, ја одбра Барселона. Нашата понуда беше пониска од оние на ПСЖ и Челзи, што очигледно докажува колку сака да игра на ‘Камп ноу’. Во Левандовски добивме гол-машина која гарантира погодоци“, истакна Лапорта.

- Оглас -

Најнови вести