За само неколку часа започнува новото коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза. Доколку се уште ги немате пополнето вашите типови, тоа може да го сторите до 15 часот, кога започнува првиот натпревар од новото коло, Удинезе – Торино.
Најголемо внимание ова коло привлекува дуелот на Манчестер јунајтед и Ливерпул во англискиот ФА куп, на кој според играчите на Спортската прогноза, победата ќе ја однесе екипата на Ливерпул. 64.04% од типувачите предност им даваат на црвените од енфилд, додека само 15.43% веруваат во победа на „црвените ѓаволи“. Процентот за нерешено е 20.53.
Најголем процент за победа имаат екипите на Унион Берлин во дуелот против Вердер Бремен, како и Нант против Стразбур.
За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
Сони плејстејшн 5.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!