Побрзајте, остана уште малку време: Прогнозерите имаат неколку фаворити за денеска

Во 14 часот завршува времето за прогнозирање во ова коло на Спортска прогноза, кое нуди 13 интересни дуели. Денеска се играат шест меча, а за утре се закажани уште седум дуели.

Прв меч на листата е Севилја – Реал Сосиедад, каде речиси 60 отсто очекуваат да победи домаќинот. Од денешните средби, прогнозерите речиси на сите имаат јасен фаворит кој има над 50 отсто шанси да победи.

Ајнтрахт Франкфурт е фаворит на теренот кај Хајденхајм, во Фулам веруваат 55 отсто за триумф над Брајтон, а Лил треба да се радува на гости кај Римс. Половина од прогнозерите чекаат Штутгарт да биде подобар на теренот на Волфсбург.

Во секое коло, приоритет за секој прогнозер е да се обиде да стигне до Среќна 13-ка, односно да се погодат фиксовите на сите 13 средби. Оној кој ќе успее да биде перфектен ќе може да си одбере  еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5).

Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари, а прогнозерот со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести