Од денеска почна регуларната продажба на билети за осминафиналниот натпревар од ракометната Лига на шампиони помеѓу Вардар и ППД Загреб. Натпреварот е закажан за 30 март во СЦ „Јане Сандански” во Скопје.
Цената на билетот за осминафиналниот натпревар против ППД Загреб ќе чини:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за блоковите А
Регуларната продажба на влезници ќе трае до распродавање на капацитетот на салата. Продажбата на билети ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден (понеделник – петок) од 10 до 18 часот и преку www.ticketplus.mk.