27.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Почетни состави: Азар пак во првите 11, Перишиќ во нападот на местото од Лукаку

Еден Азар по одличниот настап против Уеска, по кој беше прогласен за играч на натпреварот, повторно се најде во стартните 11 на Реал Мадрид.

Заедно со него во нападот се расположениот Бензема и Асенсио, додека Зидан го седна Модриќ на клупата, а Крос, Каземиро и Валверде се тројката во средината. Лукас Васкес ќе ја покрива десната бековска позиција, а останатите дефанзивци се добро познати. Дуото Рамос – Варан, лево Менди, на голот Куртоа.

Што се однесува до Интер, на Конте ќе му недостасува Ромелу Лукаку, најдобриот стрелец на екипата кој се повреди непосредно пред дербито, а на негово место во нападот ќе игра Перишиќ заедно со Лаутаро.

Одбраната на Нераѕурите е стандардна, со триото Бастони – Де Вреј – Д’Амброзио, по бочните позиции се Јанг и Хакими, додека во средината ќе командуваат борците Брозовиќ, Видал и Барела.

Реал Мадрид – Интер

Реал (4-3-3): Куртоа, Васкес, Варан, Рамос, Менди, Каземиро, Валверде, Крос, Асенсио, Азар, Бензема.

Интер(3-5-2): Хандановиќ, Д’Амброзио, Де Вреј, Бастони, Хакими, Јанг, Брозовиќ, Видал, Барела, Перишиќ, Лаутаро.

- Оглас -

Најнови вести