Почетни состави: Чупо-Мотинг не е Левандовски, Нојер ќе има многу работа против Нејмар и Мбапе

Повредените Левандовски и Гнабри се голем хендикеп за актуелниот европски првак, кој со сигурност ќе сака да обезбеди што подобар резултат пред реваншот во Париз.

Во нападот на Баерн на местото од најдобриот голгетер во Европа ќе биде Чупо-Мотинг, ексиграчот на ПСЖ, а поддршка ќе му биде Милер. Коман како човекот кој го реши ланското финале меѓу двата гиганти, ќе напаѓа по крилните позиции заедно со Сане, средината ја командуваат Кимих и Горецка, а одзади е стандардната одбранбена четворка со Павар и Лукас Ернандес како бекови, Зиле и Алаба централни стопери пред капитенот Нојер.

И Светците се ослабени за дербито, италијанските репрезентативци Верати и Флоренци се позитивни на корона-вирус, но Покетино има решение за нивните позиции. Парижаните ќе напаѓаат со Нејмар и Ди Марија, односно Мбапе како најистурен во формацијата.

Драклсер го заменува Верати како офанзивен креативец, додека Данило и Геје ќе го држат средниот ред. Дијало и Дагба ќе ги покриваат бековските позиции, а Маркињос и Кимпембе стандардно се пред голманот Навас.

Баерн Минхен – ПСЖ

Баерн (4-2-3-1): Нојер, Павар, Зиле, Алаба, Лукас, Кимих, Горецка, Коман, Сане, Милер, Чупо-Мотинг.

ПСЖ(4-2-3-1): Навас, Дијало, Маркињос, Кимпембе, Дагба, Геје, Данило, Дракслер, Ди Марија, Нејмар, Мбапе.

Томас Тухел за овој меч не може да смета на повредениот Канте, како и на Пулишиќ. Пред Менди е стандардната тројка Аспиликуета, Кристенсен и Рудигер, Чилвел и Џејмс се офанзивните бекови, додека врската Жоржињо-Ковачиќ ќе ги разигруваат Сините. Зад Вернер, како напаѓачка поддршка ќе бидат Маунт и Хаверц.

За Змејовите двајца првотимци се суспендирани, тоа се офанзивецот Тареми и играчот за врска Оливеира, па Консеисао мораше да комбинира со стартните 11.

Порто – Челзи

Порто (4-4-2): Марчесин, Сануси, Пепе, Леите, Манафа, Корона, Грујиќ, Урибе, Отавио, Дијас, Марега.

Челзи (3-4-2-1): Менди, Аспиликуета, Кристенсен, Рудигер, Чилвело, Џејмс, Жоржињо, Ковачиќ, Маунт, Хаверц, Вернер.

- Оглас -

Најнови вести