Манчестер сити вечерва ќе го дознае противникот во големото финале кое ќе се одржи во Истанбул на 29 мај, а дали тоа ќе биде англиско финале против Челзи или пак Пеп Гвардиола ќе го пречека стариот ривал Реал Мадрид, останува да се види по битката на „Стемфорд бриџ“.
Сините имаат поволен резултат од првата средба во Мадрид, во која изборија реми од 1-1, тој гол на гости засега им дава некакви гаранции, меѓутоа искуството е на страната на Кралевите, кои низ историјата играле 16 финалиња, а триумфирале во 13 од нив.
Најавите дека Азар, Рамос и Менди ќе стартуваат се точни. Капитенот и левиот бек на Кралевите се фит да се борат од првата минута, додека Азар во својот камбек на „Стемфорд бриџ“ ќе се обиде да им ги помати сметките на својот поранешен клуб.
Во составот на Тухел има една измена во однос на првиот дуел. Стрелецот на голот Кристијан Пулишиќ му го отстапи местото на Кај Хаверц, останатото е идентично.
Челзи(3-4-3): Менди, Кристенсен, Тијаго Силва, Рудигер, Аспиликуета, Чилвел, Жоржињо, Канте, Маунт, Хаверц, Вернер.
Реал Мадрид(4-3-3): Куртоа, Начо, Милитао, Рамос, Менди, Каземиро, Крос, Модриќ, Винисус, Азар, Бензема.