На Лацио му е доволен и бод во директен дуел против Клуб Бриж во битката за второто место во групата Ф, со кое се обезбедува европска пролет, односно нокаут фаза во Лигата на шампионите. Сепак, Симоне Инѕаги не сака да ризикува и во мечот тргнува со силен состав предводен од Чиро Имобиле.
Инѕаги нема лев крилен бек за овој дуел, па приморано го прекомандува Марушиќ на левата страна, додека во средината се стандардните Алберто, Милинковиќ-Савиќ и Леива.
Дијата и Вормер беа неизвесни за средбата, меѓутоа се најдоа во составот на белгискиот првак, кој е сигурен учесник во Лигата на Европа, меѓутоа сака да биде меѓу 16-те најдобри тимови во Европа за оваа сезона.
Лацио – Клуб Бриж
Лацио (3-5-2): Рејна, Фелипе, Хоет, Ачерби, Лаѕари, Марушиќ, Леива, Милинковиќ-Савиќ, Алберто, Кореа, Имобиле.
Бриж (4-3-3): Мињоле, Мата Рика, Дели, Косуну, Собол, Вормер, Баланта, Ванакен, Ланг, Дијата, Де Кетеларе.
Дортмунд веќе си ја заврши работата и практично со втор состав гостува во Санкт Петербург. Во тимот на Фавр недостасуваат Халанд, Гереиро, Дилејни, Мение, Аканжи, Дахуд и Шмелцер, па францускиот стратег мораше да комбинира.
Зенит – Борусија Дортмунд
Зенит (4-2-3-1): Кержаков, Сантос, Прохин, Ракитски, Суторин, Оздоев, Бариос, Кузијаев, Малком, Азмун, Дриуси.
Дортмунд (4-3-3): Хиц, Пашлак, Пишчек, Хумелс, Шулц, Чан, Белингем, Витцел, Брант, Азар, Ројс.